Пациент нападнал со нож вработен во „8 Септември“

Во Градската општа болница „8 Септември“ вечерва се случил инцидент, откако вработен во болницата нападнат од страна на пациент.

-Вечерва во 19.47 часот од ГОБ “8 Септември” е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата, потврдија од МВР за МИА.

Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата.

Полициски службеници се излезени на местото на настанот, додаваат од МВР.

Претходна вестСообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта предводена од СДС и ДУИ реди скандали, најголемиот од кој можеше да има смртни последици е упадот во македонска навигација