Падна карпа на булеварот Никола Карев кај касарната „Илинден“ во Скопје

Падна карпа на булеварот Никола Карев во Скопје, во близина на касарната Илинден, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму велат дека на бројот 112 добиле пријава за падната карпа на овој потег по што веднаш ги известиле надлежните од Град Скопје.

-Веднаш ги информиравме надлежните од Град Скопје за итниот случај, по што ќе се преземат мерки од страна на Градот преку нивните служби, велат од ЦУК.

Од Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ вечерва нема никакви информации за што станува збор и дали е одрон поради рушење на ридот за изградба на клучката кај Момин поток или поради невремето и поројните дождови кои во четврток во три наврати го зафатија Скопје.

Од вчера ЈП „Улици и патишта“ има нов директор. Градоначалничката Данела Арсовска на местото на Ќамил Ковачи за в.д. директор на претпријатието го назначи Ванчо Умленски.

Претходна вестПроменливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи
Следна вестИ Драмски театар се поплави по вчерашното невреме