Падна потпорен ѕид на улица „Белградска“ кај Детската клиника

Потпорниот ѕид на улица „Белградска“ која минува над Клиничкиот центар, над Детската клиника, се сруши, потврди денеска ЦУК.

Оттаму наведуваат дека неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од страна на ЦУК беа известени сите надлежни институции, за преземање на сите потребни мерки.

-После 1,5 година не е преземено нешто, и наутро добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улицијата, по што можна е поголема трагедија. Од страна на ЦУК во повеќе наврети е инвертернирано, односно се испратени дописи, но и во низа други јавни претрпијатија. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност, изјави денеска Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Потпорен ѕид долж оваа улица е изграден пред повеќе децении и оттогаш не е реконструиран. Неговата стабилност е посебно загрозена од корењата на стеблата кои што растат долж улицата. Стабилноста на ѕидот е загрозена и во делот кој ја дели “Белградска“ улица од паднините на Водно.

Претходна вестМанолева од вработените на Токсикологија побарала предлог за нов медицински директор
Следна вестДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија, ќе се бара одговорост од министерот Демири