„Падна“ уште еден член на Јавна соба

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 22 години за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Велес.

Според соопштението, обвинетиот во јануари 2021 година, преку сопствениот мобилен телефон, набавил и поседувал видеоснимки со детска порнографија кои преку мобилната апликација Телеграм, каде имал профил се приклучил во групата Јавна соба со намера да прегледува фотографии и снимки со експлицитна содржина. На телефонот презел повеќе фотографии и видеоснимки со експлицитна содржина, меѓу кои и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу жена и дете на возраст под 10 години, како и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу деца – момче и девојче на возраст под 18 години. Таквите видео снимки ги зачувал во својот мобилен телефон што е утврдено од извршената форензичка анализа на телефонот, велат од ОЈО Велес.

Заради обезбедување на присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави и предлог да продолжат мекрите на претпазливост кои му беа веќе определени на обвинетиот во текот на истражната постапка.​​

Пред две недели Кривичниот суд во Скопје донесе две пресуди за случајот „Јавна соба“, со тоа што креаторите на групата, односно основачот Дарко Костовски и администраторот на телеграм-групата Михаил Паневски.

Тие се гонеа кривично бидејќи дозволиле и да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете. Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Претходна вестПо викенд затишјето: Нови 310 заразени и шест починати
Следна вестСОНК попладнево на преговори во Владата за платите во образованието