Mинатата недела санкционирани се 183 непрописно паркирани возила. Од нив 102 возила биле отстранети.
– Во периодот од 02.05. до 07.05.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 81 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.
Од ЈП ПОЦ и Општина Центар вела дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање.