„Пајакот“ си фатил во мрежата 246 возила

Во текот на изминатата недела од 12 ноември до 18 ноември со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 246 возила од јавните површини, соопшти денеска Градот Скопје.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 210 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

-Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 367 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возило се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето, се наведува во соопштението.

Претходна вестПо еден месец инспекторите ги видоа дивите продавачи на улицата
Следна вестНе се недисциплинирани само возачите: 16 пешаци заработија казни