Во периодот од 16.11. до 22.11.2020 година на подрачјето на општина Центар санкционирани се 226 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти денеска ЈП Паркинзи општина Центар.
Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 125 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 101 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар, се наведува во информацијата.