Проблемите со поврзувањето на учениците со Националната платформа за далечинско учење продолжија и денеска. Неможноста да се поврзат, одговорите на компјутерот дека се случува „грешка“, и денеска им се случуваа на стотици ученици кои што не можеа да се логираат на Платформата. Но, и они еученици кои некако успеа да се поврзат коментираа дека Платформата е празна и дека нема содржини.
Со коментар денеска се јавија и учениците кои се организирани во ФБ-група Средношколску глас.
-Денес на 29.09.2020 година беа закажани првите пробни часови на националната платформа. Требаше да се приклучат и основните и средните училишта и да се одржат првите пробни часови, но сите обиди за приклучување завршија со објаснување дека паднал системот. Ваквото фијаско се случува на само еден ден пред почетокот на учебната година, но исто така еден од големите проблеми е и недостапноста на платформата за на мобилните телефони. На крајот тестирањето се сведе на обиди за приклучување и нервози кај родителите и учениците, стои во нивната објава.
Министерство за образование утринава соопшти дека и денеска може да се очекуваат проблемите со поврзувањето. Министерката Мила Царовска изјави дека предизвици има и дека нема да биде лесно.
-Тестирањата продолжуваат до први октомври кога е и официјалниот старт на годината во услови поразлични од досега, односно во услови на пандемија. Во тест фазата се детектираат и веднаш се надминуваат сите предизвици. Би сакала да напоменам дека за прв пат во државата воспоставуваме вака гломазен онлајн систем и тоа го правиме за исклучително краток рок. Нема да биде се совршено и беспрекорно, но проблемите ќе ги надминуваме, изјави министерката.