Во државната управа ќе се работи од 8 до 16 часот

Вработените во државната управа од први октомври веќе нема да работат по флексибилно работно време, реши Владата на денешната седница.

-Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа и, наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08:00 до 16:00 часот, се наведува во соопштението.

Претходна вестШилегов: Град Скопје продолжува со отстранувањето на три галии и пет споменици
Следна вестНaпаднат полицаец на булевар „Словенија“ од возач и тројца сопатници