Шилегов: Град Скопје продолжува со отстранувањето на три галии и пет споменици

Градот Скопје продолжува со активностите за остранување на дивоградбите што се под негова надлежност, а се дел од проектот Скопје 2014, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

-Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден е тргнат, а две од галиите се во тек на отстранување, рече Шилегов.

Тој ги охрабри општина Центар и Министерството за култура како институции носители во тој проект да продолжат да ги преземаат оние работи кои согласно закон треба да ги преземет.

-А тоа е да ги остранат дивоградбите наречени „Скопје 2014“. Нема компромисен став во однос на објектите од „Скопје 2014“. Градот Скопје е единствената институција која досега има отстрането такви обележја, потенцира скопскиот градоначалник.

Тој додава дека се уште не се имплементирани препораките што ги дала комисијата формирана од Владата во врска со овој проект, но очекува да почне да се работи попосветено на ова прашање имајќи го предвид и дописот кој Владата го има испратено до Општина Центар за носење на новиот детален урабанистички план за Мал ринг.

Претходна вестГруевски: Заев се лаже ако мисли дека овие изнудени и диригирани пресуди ќе му помогнат…
Следна вестВо државната управа ќе се работи од 8 до 16 часот