Пак дојави за бомби, евакуација на учениците во „Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“…

Повторни дојави за поставени бомби утринава стасуваат до скопските средни училишта. На мејл адресите на повеќе скопски училишта одново се добиени пораки дека во нив има поставени експлозивни направи.

Во тек е вакуацијата на учениците и на наставниот персонал од гиманзијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ но и во „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“… Полициските екипи веќе се на терен и ја започнале стандардната процедура за проверки.

Последни дојави за бомби беа добиени на 7 декември. Тогаш се извршија проверките во девет средни училишта и во Народната банка на Македонија. Сите тие покажале дека дојавите биле лажни. Инаку, минатиот месец имаше серија дојави за поставени бомби а полицијата уверуваше дека е на трага на сторителите.

Претходна вестМакрон: Ќе се дели бесплатни кондоми за младите во Франција
Следна вестСрбија размислува за враќање на војската во Косово, повреден полицаец