Вкупно 43 возачи се казнети во изминатово деноноќие на скопските сообраќајници за пребрзо возење. Голема и загрижувачка е бројката. Опасното возење станува секојдневие во Скопје.
Од МВР пак уверуваат дека контролите ќе продолжат. Дали не треба и да се засилат, оти очигледно многумина кои сакаат брзо возење не се казнети, па си продолжуваат со своите опасни навики.
Инаку, полицијата денеска соопшти дека по вчерашните контроли се санкционирани 198 сопственици на моторни возила и пешаци.
– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, од кои 11 за возење без возачка дозвола, 43 санкции за непочитување на брзината на движење, 3 за управување под дејство на алкохол, 4 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 5 мерки за користење на мобилен телефон, 6 за некористење на сигурносен појас, 72 за непрописно паркирање и 5 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, соопшти полицијата.