Пак отстранети диви депонии на „Пластичарска“ и во населбата Топаана

Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Воедно, интервенирано е и на булеварот Македонско-косовска бригада во населбата Топаана, каде што е извршено расчистување на повеќе помали диви депонии.

-Посочените локации претставуваат „црни точки“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад на јавни и на сообраќајни површини, соопшти ова градско јавно претпријатие.

Претходна вестЛага е дека се исплаќаат субвенции од преходните 4 години, неспособната власт доцни, велат од СДСМ
Следна вестГерасимовски ги повика жителите на Центар да пријавуваат дупки на улиците