Пак пили вриштат, а многугодишни соборени дрвја пиштат во Аеродром

Зелената оаза – Аеродром, како што милно си ја нарекуваат вработените и функционерите во општинската зграда – останува денеска без прекрасни повеќегодишни зелени дрвја. Вриштат моторните пили, пиштат дрвјата паѓајќи на земја.

Ќе никнува нова зграда на поранешната улица „Руди Чаевец“, сега „Методија Шаторов Шарло“. Денес изутрина почна сечата на неколку дрвја на кои им требало десетици години за да ги надраснат околните згради и бараки од два и три ката.

За жал сега осакатени трупци од тие дрвја се товараат во камиони на ЈП „Паркови и зелинило“.

Жална и тажна глетка, која стана (не)нормално секојдневие во овој дел на Аеродром кое почна во мандатот на претходниот градоначалник Ивица Коневски, а бетонизацијата немилосрдно продолжува и со неговиот наследник Златко Марин…

На оваа улица сега се редат само згради од по десетина катови. Барем зелено да ги офарбаа, за да остане „зелената оаза“.

 

Претходна вестГоце Делчев ги храбреше партизаните, а и нас денес
Следна вестАлушовски си заминува, Вујовиќ доаѓа во Вардар!