Отсечен прст е испратен по пошта во резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, објавија француските медиуми, повикувајќи се на извор од безбедносните сили.
Вознемирувачкиот пакет бил примен во Елисејската палата на почетокот на неделата, во пресрет на денот на Бастилја, францускиот национален празник кој се слави на 14 јули. Според пријавата, лицето кое го испратило прстот по пошта е идентификувано. Kабинетот на Макрон одбил да коментира за ова прашање.