Палестинец со лажен автралиски пасош уапсен на преминот Блаце

Палeстинец со лажен австралиски пасош се обидел да помине на граничниот премин Долно Блаце информира МВР. Се работи на расчистување на случајот.

– На 16.10.2023 во 09.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници привеле едно лице затоа што при контрола и проверка било констатирано дека австралиската патна исправа, која ја дал на увид, била фалсификувана. Со него бил извршен службен разговор и било утврдено дека бил од Палестина и кај него не бил пронајден никаков друг документ, се вели во сооппштнието од МВР.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестФилипче: Министерот не знае како се делат терапиите на Онкологија, тоа е работа на менаџментот и на главната сестра
Следна вестМакедонската ракометарка Андреа Седлоска меѓу најдобрите седум во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)