Палевски: Дупката е претходно копана, значи, за да биде убиена, не за да се бара откуп

Со изјавата дека не се чувствува виновен за делата што му се стваат на товар Љупчо Палевски – Палчо денеска го започна својот исказ откако ги слушна наводите на Обвинителството дека тој го извршил убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Палевски рече дека Обвинителството извршува политичка наредба. Тој рече дека нема логика тоа што го тврди Обвинителството дека Вања била грабната за да се бара откуп. Според него, мајката на Вања, Зорица имало орочени 30.000 евра, а дека дупката во која била закопана Вања била ископана претходно, што значи дека не била грабната Вања за да се бара откуп, туку за да биде убиена.

– Мотивот е вештачки. Затоа е вмешан и таткото Александар. Таткото за прв пат станал дел од истрагата по исказ на еден од обвинетите. Никој не праша каде сте требале да го чувате детето додека чекате откуп. Нема повик од никој кој од мајката бара откуп. Дупката е претходно копана, значи, за да биде убиена, не за да се бара откуп. Самото ЈО пишува дека дупката е претходно ископана, потенцира Палевски.

Тој посочи дека лицето Ерол Османи е еден сведок, кого го кријат во списите и дека тој на 22 ноември (кога е убиен Панче Жежовски) му го поправал котелот.

-ЈО го крие моето утврдено движење според базните станици, не ми го даде. ЈО го става судот пред свршен чин, се злоупотребуваат доказите во спротивна насока, рече Палевски во неговото прво обраќање пред судот.

Тој додаде дека барал во рок од 30 дена да му ги дадат доказите, но не добил никаков одговор.

-Овој родител, наместо да плаче по своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви лажен мотив и врска меѓу мене и него. Јас не го познавам Александар Ѓорчевски. Јас бев киднапиран првите 7 дена. Ме донесоа на 15 мај во затворот во Скопје, но 7 дена не добив никаков акт. После ме донесоа со медиуми, со „калашникови“, 6 дена ме држеа, судијата на претходна постапка Душан Јосифов изврши кривично дело. Ова е политичко монтирано судење. Регуларно заминав за да направам магнетна резонанца на мојата кичма која 70 отсто не е во функција. На 20 мај мојата ДНК е внесена во системот… Повеќе од 100 ДНК траги од овој настан се ставени како докази. Мене на 17 мај ми зедоа брис за ДНК, рече во исказот Палевски.

Претходна вестТаравари: Договорот беше прво да се донесе Законот за правична застапеност на сите заедници, уставните судии избрзаа
Следна вестМинчев: Законското решение за „балансерот“ не е во подготовка, се чека конечна одлука на Уставниот суд