Панчев и Најдоски пред 31 година со Црвена звезда ја освоија светската титула

Фудбалскиот клуб Црвена звезда пред 31 година стана светски клупски првак.

Во Токио, во мечот наречен Интерконтинентален куп, Црвена звезда убедливо со 3:0 го совлада шампионот на Јужна Америка, Коло Коло од Чиле. Светската титула го заокружи еден од најсветлите периоди во историјата на црвено-белите.

Дел од оваа победа беа Македонците Илија Најдоски и Дарко Панчев.

Звезда, на денешен ден пред 31 година ги обедини двата најважни фудбалски трофеи во клупското натпреварување, бидејќи шест месеци претходно го совлада Олимпик Марсеј по изведувањето пенали и стана европски првак.

Пред 60.000 гледачи во главниот град на Јапонија головите ги постигнаа Владимир Југовиќ во 19. и 58.минута, односно Дарко Панчев во 72.минута.

Претходна вест„Тајм” го прогласи Зеленски за личност на 2022 година
Следна вестКовачевски: Свети Климент Охридски има непроценлив придонес во етаблирањето на нашата култура