Пeндаровски: Државата застана на пола пат во справување со корупцијата

Кандидатот за претседател на Македонија Стево Пендаровски синоќа одржа митинг во Струга. Тој рече дека одговорот на тоа дали е претседател на сите ќе го најдат во неговата работа во изминатите 5 години и им вети дека за нив ќе биде тука и во следните пет години, да им помогне колку што умее и знае.

Пендаровски истакна дека опозицијата, не само што не нуди план како ќе ја однесе Македонија во ЕУ, туку сака да го поништи Договорот од Преспа.

-Тие не нудат алтернативен план, сакаат само да дојдат на власт. Сакаат одново да преговараат, да ја натераат Бугарија да отстапи. Северна не ги бендисувала, а плата примаат во Собранието. Сега и во Владата имаме, техничка влада, имаме министри од ВМРО-ДПМНЕ и тие примаат плата под Северна Македонија. И назад не ги враќаат ниту платата, ниту мандатот – во тој дел Северна не им пречи, подвлече Пендаровски.

Говорејќи за работата во следните пет години Пендаровски рече дека иако потешката работа е завршена, сепак државата застана на пола пат во справување со корупцијата. Ја повтори идејата дека е неопходен ветинг на сите судии и обвинители, но и на сите политичари.

Претходна вестМицкоски: Ковачевски на тацна му ја подари државата на Ахмети, 100 души од ДУИ одлучуваат за 2 милиони народ
Следна вест332 санкции за брзо возење