Пандев: На хартија Сити е фаворит, но Интер има свое оружје и има шанси во финалето

Интер, во сабота, против Манчестер сити, ќе се бори за третата европска круна во клупската историја, па престојниот натпревар го коментираше и Горан Пандев, кој беше член на златната генерација на Интер, која во 2010 година, под водство на Жозе Мурињо ја освои триплета. Пандев смета дека Интер има шанси против англискиот првак.

-На хартија Сити делува како голем фаворит. Интер има оружја со кои може да го стави Сити во тешка позиција. Убеден сум дека ќе го направат тоа. Да не нѐ залажуваат тие 4-0 со Реал Мадрид, зашто сега финалето е на неутрален терен. Сити се борат за триплета, тоа може да биде дополнителен притисок за нив. Сити е тим кој ве турка позади. Тоа се обиде да го направи Баерн во 2010 против нас, но не им успеа. Интер мора да биде добро физички подготвен за финалето, максималната физичка подготовка во ваков меч ја прави разликата, изјави Пандев за италијанските медиуми.

Манчестер Сити е голем фаворит против Интер, а ако победат во Лигата на шампионите ќе освојат тројна круна бидејќи веќе триумфираа во Премиерлигата и ФА Купот.

Претходна вестИзбегал од затвор во 2015 година, полицијата вчера го уапси во скопски Аеродром
Следна вестУчебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни