„Паркови и зеленило“: Немаме договор со Владата за одржување на нејзиниот двор, таа си ангажирала фирма за 330.000 евра

Скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ нема обврска да го одржува дворот на македонската Влада бидејќи нема склучено никаков договор за тоа. Вакво објаснува вчера даде ова градско претпријатие по конфликтот меѓу техничкиот премиер Талат Џафери и скопската градоначалничка Данела Арсовска околу неодржувањето на дворот.

-Во врска со прашањето дали ЈП „Паркови и зеленило“ има склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата Ве информираме дека таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено.  ЈП „Паркови и зеленило“ е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на Град Скопје, како и Парк шумите Водно, Гази баба, СРЦ Сарај и Матка. Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општините, додека пак дворовите во сите институции се обврска за одржување на самата институција (било да се работи за болница, поликлиника, државна агенција, министерство, па и Влада). Во сите овие институции има општи служби кои треба да се грижат за овие прашања, или треба да склучат договор со ЈП „Паркови и зеленило“ за уредување или одржување на нивните дворови, по кој договор ние понатаму би постапувале. Во случајов таков договор со Владата претпријатието нема склучено, се наведува во соопштението.

Во прилог е доставен и јавно достапен документ за кој треба да го одржува дворот на Владата и тоа за 330.000 евра. На него се гледа дена на 27 јули минатата година владината Служба за општи и заеднички работи склучила Рамковна спогодба со фирмата Триста груп од Скопје со важност од една година. Спогодбата е за јавна набавка на услуги одржување и уредување на зелени површини во Владата, резиденцијалните објекти и органите на државна управа во вредност од 19.824.000 денари.

Претходна вестПо три децении целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” во Кисела Вода
Следна вестАко нема уставни промени за 6 месеци, ќе го преиспитаме нашето учество во Владата, вели Таравари