Скопјани може да очекуваат поевтино парно греење од следната сезона, најавува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
Компанијата „БЕГ снабдување“ ќе треба да направи порамнителни сметки за да се види дали авансните сметки што досега ги плаќаа потрошувачите ќе се намалат или ќе се зголемат.
Но, според првичните согледувања, порамнителните сметки ќе бидат за одреден процент намалени, бидејќи просечните температури беа нешто повисоки од тоа што РКЕ го утврдила во својата одлука, е објаснувањето од Бислимоски.