Партија за движење на Турците: „Балансерот“ беше злоупотребуван, Владата треба да се насочи кон пронаоѓање нов модел

Загрижувачки е што сме сведоци на поларизација на етничка основа во самиот Уставниот суд околу „балансерот“, соопшто Партијата за движење на Турците.

-Свесни сме дека во изминатите години „балансерот“ без исклучок беше злоупотребуван од сите етникуми. Партија за движење на Турците (ТХП),  низ годините јасно и гласно ја нотираше оваа проблематика. Повикувавме и нудевме решенија за подобрување на самите механизми. Но сега, за да се надмине овој проблем, Владата треба да се насочи кон пронаоѓање нов модел кој ќе ги минимизира злоупотребите. Укинувањето на овој механизам не само што ќе биде сериозен удар врз правичната застапеност на немнозинските заедници, туку и сериозно ќе ги наруши меѓуетничките односи, соопшти оваа партија.

Таа потсетува дека Уставниот суд ја има надлежноста за да ја штити уставноста и законитоста во државата, но не за нарушување на самата уставност.

-Ги повикуваме сите чинители на општеството на непристрасен и разумен пристап кон ова сериозно прашање, се вели во соопштението на Партија за движење на Турците – ТХП.

Претходна вестБез струја делови од Гази Баба и Карпош
Следна вестМицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови