Партиското едноумие го замени новиот бран

Колумна на Владимир Величковски:

И во ова скопско изгор лето луѓето се сообразуваат со новите услови: организираат роденден на своето дете на отворено покрај разнобојна фонтана, а младите (исто така по протокол) се дружат пред кафеана, во Дебар маало. Делувањето во реалноста мора да добие на значење, особено во кризни времиња! Младите се иселуваат, но уште потажно е кога не се знае дали ќе се вратат во земјата на потеклото?! Такви прашања за корените и идентитетот добиваат нови толкувања. Стихозбирката „Бели мугри” за мене има посебно значење.
Типографот Ласко Џуровски тргнал од негов ракопис и создал нов фонт на македонски кирилични букви. Во летното кино „Мирно лето” ги гледав документарците за југословенскиот нов бран во рок музиката што се формираше во 80-тите години на 20 век. Тие делуваа силно на младите со својатаенергија и креативност, со својата критичка мисла за негативните состојби во тоа време игнорирајќи ја политиката и политичарите. Песните и музиката на рок групите од „пакет аранжманот” и денес имаат своја привлечност и приврзаници. Денес е многу поразлично, време кога избледнуваат поранешните идеали и вредности оставајќи му простор на примитивизмот и на многу нешта што припаѓаат на одредено „тематско ѓубре” (израз на Набоков). Наместо развивање на критичкото мислење доминира партиското едноумие, неправди, грабеж на „својот” беден народ, додека правда има само за моќници и насилници.
Скопје е град на питачи. Мартиноски во 1938 година мајсторски наслика „Питач” а по војната гледавме дечиња кои плачејќи на Камениот мост питачеа. Тоа ќе продолжи особено по земјотресот во 1963 година кога Скопје стана отворен град на солидарноста: денес питачење на деца може да се види на семафори и на секое друго место. „Скопје 2014” ни подари бронзен „Питач”, веројатно како белег на градот дури и како знак дека ќе не доведат народните избраници до „питачки стап”.
Денес може да се видат секојдневно како деца вешто се пресегаат по контејнери во потрага по расипана храна, некоја облека или друг предмет. Сето тоа на очи глед на жители ка ко и на присутните туристи. Тие не сакаат да ги фотогра фираш заради страв од полиција: најверојатно слушнале дека некој за украдени кебапчиња му
определиле казна затвор. Дали тоа им се случува на оние кои шират омраза и деструкција, на оние недопирливите?! Децата што питачеле ќе бидат упатени на Центарот за социјална работа, но за сега нема никаков видлив резултат. Всушност, никој не се грижи за децата! Кога пред изборно ќе објават дека пензиите ќе бидат покачени за стотина денари не знаеш како да реагираш! Писателот забележува:„Жената прашува: Што ќе јадеме сега?” Седумдесет и петгодиш- ниот полковник и одвратил, непоколебливо – Гомна (Маркес, автор на книгата „Сто години самотија”).

Претходна вестВ среда ќе се прска против ларви од комарци – и од воздух и на земја
Следна вестОштетен јарболот и тргнато бугарското знаме пред конзулатот во Битола