Патник доби огромна казна, зашто кажа погрешен збор во авион

Неименуваниот Русин ќе мора да плати казна од 100.000 рубљи (986 евра), бидејќи го изговорил „погрешниот збор“ пред стјуардесата откако се качил на летот за Москва.

Инцидентот се случил во ноември, во градот Ухта во северозападна Русија, а својот епилог го имаше завчера.

Откако патниците се качиле во авионот, стјуардесата му пришла на главниот лик од оваа приказна и го замолила да седне на неговото место.

Тој одговорил дека полетувањето сепак ќе биде одложено, бидејќи е „терорист“, пренесува Нет.хр.

После тоа седнал на седиштето и заспал, но го разбудила полицијата која ја повикала капетанот не сакајќи ништо да ризикува.

Надлежните извршиле претрес на човекот и го прегледале леталото за да се уверат дека нема експлозивни направи, по што било утврдено дека тој само „направил груба шега“.

Тој целосно ја прифатил вината, а судот утврдил дека мора да плати парична казна.

Претходна вестМЗШВ: Обезбедени нови 20 милиони евра дополнителна поддршка за земјоделците до крајот на година
Следна вестВлада донесе одлука за прераспределба на 30 милиони денари за реконструкција на салата „Работнички“