Пациент со ковид избегал од болницата од Штип, но починал на само неколку метри

Пациент од Пробиштип на возраст од 75 години, синоќа избегал од модуларната болница во Штип каде бил хоспитализиран, а по еден час бил пронајден мртов. Неговото тело било пронајдено на само неколку метри од болницата.

На самото место имало траги од кочење, па првично се проверувало дали станува за прегазен пешак, но подоцна било утврдено дека станува збор за пациентот, кој побегнал од модуларната болница.

Обдукцијата покажала дека нема траги на насилство и според првичните сознанија причина за смртта е белодробната пневмонија.

Според директорот на болницата Ален Ѓеоргијев и вработените, главниот влез на модуларната болница секогаш е заклучен, но пациентот успеал да излезе преку задниот влез, од каде се носат пациенти. Веднаш е формирана Комисија која треба да го истражи случајот, која до понеделник треба да утврди дали имло пропусти кај дежурните кои биле во болницата.

Претходна вестИ следната учебна година ќе се оди со безбеден пристап, се зависи од ситуацијата
Следна вестВидливо намалување на бројот на новозаразени – 22 починати за 24 часа