Контрола во над 400 економски субјекти на ниво на цела територија на Македонија досега извршил Државниот пазарен инспекторат по основ на Одлуката на Влада за замрзнување на цената на лебот од 450 гр на 33 денари.
-До сега од контролите е утврдено дека генерално се доставува леб кој е опфатен со Одлуката, а се почитува и замрзнатата цена од 33 денари, односно цената утврдена во согласност со грамажата за помалку од 450 грама. Цената на лебот во зависнот од грамажата и во зависност од различни градови каде се продава изнесува од 25 до 33 денари. Државниот инспекторат и понатаму ќе продолжи да врши контроли кои се однесуваат на почитување на замрзнатата цена на лебот донесена со Одлуката на Владата, соопштија од Инспекторатот.
Оттаму најавуват дека ќе ги ангажираат сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи.
-Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа. Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет, велат од Инспекторатот.