Пелистер го загуби чекорот, МЗТ и ТФТ останаа на врвот

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја добија дерби пресметката со Пелистер (82:62) во рамки на 13. коло во Првата лига. Бранителот на трофејот се покажа далеку подобро во поголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено дојде до убедлив триумф во СЦ „Јане Сандански“, а со тоа му се одмазди за тесниот пораз на првиот меч одигран во Битола.

Ова за клубот од Аеродром беше десетта победа во сезоната, најефикасен беше Едвин со 18 поени, Маслинко додаде 15, а Магдевски имаше дабл-дабл од 16 поени и 10 скока. Кај поразените Стајиќ и Антоан реализираа по 14 кошеви.

На другите средби Работнички беше подобар од Шкупи со 103:68, Тиквеш го совлада Куманово (84:83), додека Кожув го доби Вардар (103:77).

Претходна вестОколу 50 уапсени за време на пожарите во близина на Лос Анџелес
Следна вестАндоновски: Потребно е системско решение за платите во јавната администрација, протестите не се решение