Македонскиот ракометен шампион Пелистер денеска потврди уште едно засилување за следната сезона, а тоа е хрватскиот играч Кајо Цикатиќ кој доаѓа од Горица.
Цикатиќ е висок 197 сантиметир и тежок 107 килограми, а во минатото го носеше дресот на Загреб и хрватските младински категории на репрезентацијата, па ова ќе му биде прв интернационален предизвик.
Хрватот ќе биде презентиран на крајот на јули во Битола, односно на почетокот на подготовките за новата сезона.