Пелистер со победа, ТФТ и МЗТ Скопје со порази во АБА 2 лигата

Македонската кошаркарска екипа „ТФТ“ доживеа нов пораз во АБА2 лигата на турнирот што се игра во Суботица. Во првото коло клубот од Тафталиџе беше надигран од Златибор со 93:74, додека пак вечерва поуспешен од нив беше составот на Широки Бријег и тоа со резултат 85:66.

Од друга страна кошаркарите на битолски Пелистер го победија словенечкиот клуб Шенчур во возбидлив натпревар кој имаше и продолженија. На крајот резултатот беше 82-78 за битолчани. Па така со победа го почнаа својот настап во АБА 2 лигата.

Во истата лига пораз доживеа МЗТ Скопје, екипата која има амбиции да се врати во елитната прва АБА лига. Аеродромци загубија од дебитантот Цедевита Јуниор.

Претходна вестМакедонските ракометарки го декласираа Азербејџан на стартот од квалификациите за ЕП
Следна вестИзраелскиот министер: Нема струја, вода и гориво за Газа се додека не биде ослободен и последниот израелски заложник