Пендаровски: Гоце Делчев нека го чествува кој сака, тоа може само нас да ни прави поголем мерак

Она што навидум не дели треба да не спојува, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски одговарајчки на новинарско прашање за македонскиот голем револуционер и херој Гоце Делчев чиј македонски идентитет се оспорува од Бугарија
-Тој е македонски револуционер кој е еден од најзаслужните за македонската држава која стана вистина и се отелотвори во 1944 година. Тоа што тие тврдат дека тој е Бугарин и се борел за бугарската кауза, е за мене неспорно, секој има право тоа да го прави. Зошто тоа би било проблем, не само за евроинтеграциите, туку и генерално како народи, граѓани, државни раководства, држави. Ако гледаш на некого како јунак да го чествуваш и ти. И ова не мора да биде исклучиво.
Нека го чествува кој како сака. Тоа може само на нас Македонците кои го чествуваме и го почитуваме Гоце Делечев да ни прави поголем мерак. Значи, станува збор за фигура која далеку ги надминува регионалните рамки на Балканот, истакна Пендаровски.
Претходна вестКонечно, откако беа подбуцнати, инспектори казнуваа за непрописно паркирање на кејот
Следна вест5 пациенти починале од вирусот, новозаразени се 183 лица