Македонија денеска го слави својот најголем празник – Илинден. Граѓаните си споделуваат честитки. Честитка преку Твитер испрати и претседателот Стево Пендаровски.
Тој кратко напишал:
-Нека ни е вековита слободата, независноста и сувереноста! За многу години Илинден!
Бројни граѓани веднаш му одговориле со негодување дека не ја споменува ниту Македонија ниту македонскиот народ. Наведуваме само неколку примери:
Познатиот твитерџија – Јордан Пиперката му напишал:
-Фали Македонија во пораката, во Македонска држава ќе славиме Илинден, или во друга формација, какви се вашите визии… шо ви пишува таму во тефтерот, Еу и Нато?!
Твитерџија потпишан како Едвард Благојче – го прашува претседателот:
– Нашидониум се вика спомеников?
Твитерџијата – Аман веќе – му одговорил:
– Друже прецедниче. А да избришеш профил? Навредливо е да се самоцензурира председател на држава.
Инаку, денеска Пендаровски ќе учествува на некои од празничните манифестации, па ќе може да се види дали ги прифаќа укажувањата на граѓаните и дали ќе се корегира.