Пендаровски: Нема потреба од нова вонредна состојба, ги повикувам Заев и Мицковски на средба

Нема потреба за нова вонредна состојба, истакна пред малку Претседателот Стево Пендаровски во совоето обраќање кое се уште трае.

Тој објасни дека постои законска регулатива во случај да има потреба да се применуваат мерките како што се полициски час или воведување други превентивни мерки во врска со корона кризата и вториот бран.

-Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, има економски мерки донесени
доволно за следниот период, но и Владата не поднесе ново барање за прогласување вонредна состојба. Споредбите кои се прават со бројот на заразени не држат,
зашто вонредната состојба не беше воведена поради бројот на заразени од
коронавирусот, потенцира тој.

Пендаровски воедно ги повика лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ уште денеска да седнат заедно и да разговараат за датумот за парламентарните избори. Во спротивно, како што кажа би можело Македонија да биде втурната во политичка криза.

-За жал власта и опозиција не ги приближија своите ставови за датумот на изборите. Ние мора да организираме инклузивни избори. Сега, од март сме во криза со пандемијата, Собранието е распуштено… Ако продолжиме со тоа ќе значи влез во длабока криза, не може да исклучиме дека политичка и здравствено – социјална криза нема да прерасне и во безбедоносна криза. Упатувам покана до Христијан Мицевски и до Зоран Заев денеска да седнеме за да се договориме и државните интереси да ги ставиме над партиските. Во спротивно, ќе ги поткопаме нашите напори за евроинтеграција и за справување со пандемијата, рече шефот на државата.

 

Претходна вестПешак прегазен кај касарната „Илинден“, со тешки повреди пренесен во болница
Следна вестПочинаа двајца пациенти од вирусот, новозаразени се 164 лица- повеќето во Скопје