Пендаровски одговори на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да каже кој тоа барал од него амнестија?

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска побара шефот на државата да каже кој тоа од него барал амнестија, како што изјавил во сониќешното интервју во емисијата „Трилинг“.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, денеска изјави дека Пендаровски веќе денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија?

-Пендаровски вели дека бил цитирам „консултиран од некои актери на политичката сцена“ за амнестија, па затоа сега мора да биде прецизен и јасен, да наведе кој тоа од политиката го консултирал Пендаровски пред неколку месеци за амнестија?, рече Стоилковски.

Па ова, Кабинетот на македонскиот претседател даде соопштение.

-Во врска со наводите изнесени на денешната прес конференција на ВМРО – ДПМНЕ, информираме дека до претседателот Стево Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати, беа упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари. Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари, изјавија од кабинетот на Пендаровски.

Претходна вестЕрдоган: Доколку е потребно Турција може да се раздели од ЕУ
Следна вестПротест во Прилеп за чист воздух: Чувствуваме лоша миризба, на гуми, смола, не печат очите…