Пендаровски: Повеќе носители на функции не го делат мојот став дека Владата дека не смее да дозволи покачување на функционерските плати

Мене ми е жал што повеќе носители на функции не го делат мојот став дека Владата не смее да дозволи зголемување на функционерските плати, изјави денеска шефот на државата Стево Пендаровски. Тој повторно ја потсети Владата дека не смее да дозволи покачување на функционерските плати, без оглед што со одлуката на Уставниот суд се овозможува зголемување на платите на функционерите за 78 отсто.

Пендаровски потенцира дека Владата има надлежност да го оневозможи покачувањето со со измена на коефициентите и основиците на платите.

-Во услови на криза и замрзнување на цените на основните производи е недозволиво покачување на платите на носителите на функции. Мојот став го знаете. Мене ми е жал што повеќе носители на функции не го делат тој мој став. Тука има две работи. Прво одлуката на Уставен суд мора да се почитува затоа што непочитувањето на одлуката на Уставен суд е кривично дело. Меѓутоа, повикав и во мојата прва изјава на оваа тема. Владата мора да направи сѐ што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, поинаку не можеме да излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека во оваа тешка ситуација кога замзрнуваме цени на основни продуктуи, ние си ги зголемуваме платите, нагласи Пендаровски.

Со одлуката за покачување донесена од страна на Уставниот суд се опфатени претседателот, премиерот, собранискиот спикер, пратениците, градоначалниците и сите вршители на јавни функции чијашто плата се определува преку примената на коефициентите.

Претходна вестМакедонската фудбалска репрезентација останува на 65. место на најновата ФИФА ранг-листа
Следна вестТројца скопјани фатени со 100 кг марихуана во Неготино, дрогата била од фабриките за масло од канабис