Пендаровски: Вчерашните сцени не му доликуваат на Судскиот совет

Вчера се случуваа сцени кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога, став е на македонскиот претседател Стево Пендаровски по повод вчерашните случувања на седницата на Судскиот совет. Во соопштението објавено на неговата веб-страница тој предупредува дека со ова се урива кредибилитетот на судството.

-Се случуваа сцени кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството. Со вакви постапки, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Од Кабинетот информираат дека во однос на прашањата за изборите на Весна Дамова и Селим Адеми како членови на Судскиот совет, согласно уставните надлежности на претседателот и по извршени консултации, ја има предложено Весна Дамова до Собранието за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во 2019 година како предлог кој доаѓа од редот на истакнати правници. Селим Адеми е избран за член на Судскиот совет по предлог на Собранието на Република Северна Македонија.

Претходна вестПортпарол на грчката Влада Скерцос: Никаква толеранција за паравоени нацистички групи, за беззаконие и за заплашување
Следна вестСудскиот совет не избра нов претседател, седницата одложена за 2 мај