Важни се иселениците и треба да се негуваат врските со матичната земја. Ова била темата која се отворила откако Претседателот Стево Пендаровски вчера во Малме ја посетил Македонската православна црква „Свети Наум Охридски“. Таму биле претставници на македонските друштва од овој шведски град.
Претставниците на македонските друштва од Малме ги споделиле со претседателот Пендаровски актуелните иницијативи за унапредување на дејноста на македонската заедница, како и за промовирање на нашата култура и традиција во Шведска. Во тој контекст беше нагласена важноста од континуирано негување на врските со нивната матична држава.
Изразувајќи задоволство од долгогодишното успешно дејствување на нашата заедница во Шведска, претседателот Пендаровски истакнал дека се повеќе се вреднува нејзината улога како активен чинител во севкупните општествено-политички и економски процеси во Македонија.
Инаку, оваа црковна општина е прва во Европа, формирана во 1973 година.