Пендаровски: Во ЕУ срам им е што чекаме 17 години со небулозни образложенија

Шефот на државата Стево Пендаровски на ТВ21 посочи дека на европските претставници им е срам затоа што Македонија го сменила името на државата, а Европската Унија не испорачала.

-Нив им е срам што државата која го промени своето име единствена во светот се уште не може да почне, не пак да заврши, преговори. Срам им е, не што ние чекаме 17 години, туку што чекаме со небулозни образложенија, надвор сме со небулозни образложенија. Ние имавме референдумско прашање во кое и ЕУ беше спомната еднакво и веднаш до НАТО членството, вели Пендаровски.

Тој посочи дека НАТО испорачал, додека пак ЕУ не испорачала.

-Да не се залажуваме, бугарската блокада следеше откако веќе имаше некажана француска блокада која побара нова методологија, која ја носеа таму, да не кажам грубо ја квачеа, шест месеци и по која ден денеска, 3 години од 2019, ниту Србија ниту Црна Гора се уште практично не почнале да преговараат, додава Пендаровски.

Тој ги појасни разликите меѓу првиот и вториот француски предлог:

-Првиот француски предлог не содржеше отворање на преговорите. Значи, велеше се одржува првата политичка конференција, но немаше збор дека стартува првата фаза. Велеше кога ќе го промените Уставот, тогаш ќе ги отвориме преговорите. Сегашниот модификуван предлог вели сега ги отворате преговорите и ќе продолжите откако ќе го отворите Уставот, изјави претседателот Стево Пендаровски..

Пендаровски појаснува дека првиот предлог, исто така, не го предвидувал скрининг-процесот.

-Овој модификуван предлог вели се отвора првата фаза и веднаш почнува скринингот, во таа насока имаме изјава на Фон Дер Лајен, рече претседателот.

Претходна вестОблачно и свежо со врнежи од дожд
Следна вестЗеќири доби уште 30 дена притвор и истрага за уште едно кривично дело