Пентагон планира да распореди околу 2.000 војници за поддршка на Израел во неговата војна против Хамас, објави „Волстрит џурнл“ повикувајќи се на неименувани американски претставници. Американските војници нема да учествуваат во борбени мисии туку ќе имаат советодавна улога или ќе учествуваат во мисии за медицинска поддршка.
Весникот посочува дека не е предвидено распоредување на пешадија.