Поголемиот дел од пензионерите во Македонија не попуштаат во инсиститањето да им се остварат барањата. Во минатиов период имаше повеќе протести низ земјава, а и пред седиштето на Владата во Скопје.
Денеска пензионери излегоа на протест во Неготино со барање за покачување на пензиите. Тие ги блокираа влезот и излезот на Неготино и бараат линеарно покачување на пензиите од 5 илјади денари за сите, а минималната пензија да биде 18 илјади денари.
Полицијата е на местото на протестот за да го регулира сообраќајот, а возилата се пренасочуваат кон алтернативни улици во градот. Се пропуштаат само итни случаи.
Инаку, пензионерите при протестот пред Владата излегоа со паролите: „Оставка“, „Ако има за вас треба да има и за нас“…
Фото – Архива