Пензионерка останала и без пари и без огревни дрва откако била измамена

Во Куманово регистриран уште еден случај за измама при купување дрва. Денес во 12: 50 часот во СВР Куманово, 64-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 денари. Лицето кое ја измамило и понудило огревни дрва и откако се договориле таа му ги дала парите, по што заминал и не се вратил, по што сфатила дека е измамена. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Куманово.

Во 2023 година на подрачјето на СВР Куманово биле регистрирани вкупно седум измами за дрва, а во 2022 година 15 пријави за измами со огревни дрва. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на овие измами.
Од СВР Куманово апелираат до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на 192.

Претходна вестКривична против скопјанец, се заканувал на вработен во Државниот инспекторат за транспорт
Следна вестЦрвена Младина: Сон нема да имате ако ова го изгласате