На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 157 казни, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници. Најмногу меѓу нив биле сгторени од страна на пешаците – вкупно 28.
Меѓу нив за возење над дозволената брзина 13 санкции и 16 мерки за возење без возачка дозвола.
-Изречени биле пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.