Пешаците на скопското подрачје вчера повторно направиле поголем број на сообраќајни прекршоци. Преминување на коловозот надвот од пешачкиот премин, непочитување на црвено светло… беа најчести прекршоци. Полицијата денеска соопшти дека казните поради вакви прекршоци биле изречени на вкупно 32 пешаци.
-На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 203 мерки. За возење повеќе од дозволената брзина се изречени 63 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 18 санкции за непрописно престројување на возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци…, се наведува во соопштението.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.