Пешак смртно прегазен во Тетово

Во Тетово денеска животот го загуби 61-годишен пешак од Теарце во сообраќајна несреќа, која се случи на вториот кружен тек на влезот во градот. Според информациите на СВР Тетово, 61-годишниот пешак од тетовско Теарце бил удрен од возило управувано од 25-годишен возач од Камењане.

-Во 12:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(25) од тетовско Камењане, удрило во пешак Р.Р. (61) од Теарце, кој од здобиените повреди починал на местото. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и јавен обвинител.

Претходна вестВ петок, литија низ Скопје со копија на иконата на Богородица Троеручица
Следна вестБугарско МНР: Скопје ја одби поканата за средба на министрите Муцунски и Кондов