На 04.01.2025 година во 17.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, атар на с.Војник, општина Старо Нагоричане, патничко возило „Фолксваген голф“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(50) од село Талашманце, кратовско, а во сопственост на А.Љ.(25) од Кратово, удрило во пешак Д.С.(69) од Куманово.
Во несреќата Д.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово.