Пешак удрен со возило во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Тешко повреден пешак во Битола. Имено, вчера во 10.43 часот во полицијата било пријавено дека на крстосницата од булевар „1 Мај“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко моторно возило „Oпел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(77) од Битола, удрило во пешакот Д.Ј.(53) од Битола.

Во несреќата Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Претходна вестИзлезност до 11 часот: На претседателските избори 12,87 отсто, на парламентарните 13,69 отсто
Следна вестМВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти