Вчера во 23.15 часот во полициска станица Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од Штип, удрило во пешакот И.К.(60) од с.Три Чешми.
-Од здобиените повреди, И.К. починал на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип, велат од МВР.