Малолетно девојче е тешко повредено по удар од возило ноќеска во скопската општина Чаир.
– Утрово во 1:30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено малолетно женско лице со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода. Полициски службеници од СВР Скопје извршиле разговор со мајката на малолетничката, И.Ч.К.(34) од Скопје, која изјавила дека на ул. Кримска нејзината ќерка како пешак била удрена од едно возило, кое го напуштило местото на незгодата, соопшти полицијата.
Се работи на расчистување на случајот.