Песна на Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина, се преговара со Велика Британија

Изборот за песна на Евровизија 2023 година нема да може да се одржи во Украина, соопшти денеска денеска Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Причина е тековната војна во таа европска земја. Истовремено, ЕБУ наведува дека се во преговори со Би-Би-Си за тој фестивал да се одржи во Велика Британија.

-Украинскиот јавен радиодифузер не може да ги обезбеди безбедносните и оперативните гаранции потребни за домаќин и организирање и производство на Изборот за песна на Евровизија во согласност со правилата на Изборот за песна на Евровизија, соопшти ЕБУ.

„Калуш оркестра“ ѝ донесе победа на Украина на годинашната Евровизија со песната „Стефанија“, со што земјата се здоби со право да биде домаќин во 2023.

Организацијата му е понудена на Би-Би-Си, откако Британецот Сем Рајдер заврши на второто место.

Британија последен пат беше домаќин на Евровизија во 1998 година.

Претходна вестЕвропска комисија препорача кандидатски статус за Украина и Молдавија
Следна вестЗа нашата понизност и додворување кон посилниот…