Петковски повторно во Работнички

Крилниот напаѓач Петар Петковски е повторно дел од Работнички. Тој потпиша договор на 18 месеци и ќе биде значајно засилување за составот на Милан Илиевски во следната сезона од ПМФЛ.

„Чест ми е што повторно ќе го носам дресот на Работнички. Се надевам дека ќе дадам полн придонес за остварување на целите на клубот во новата сезона“, изјави Петар Петковски.

Петар Петковски од 2018 до 2021 година го носеше дресот на Работнички, а потоа замина во Романија. Таму беше член на Ботошани и на Конкордија, од каде повторно се враќа во Работнички. Кариерата ја почна во Вардар.

Претходна вестПремиерот Ковачевски со највисоки државни почести пречекан од германскиопт канцелар Шолц
Следна вестСончево со умерена облачност и локални дождови